Собраниско раководство



Петок, 24 април 2009 година

Средба на претседателот Вељаноски со делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република

Претседателот на Собранието на Република Макдонија, г.Трајко Вељаноски денеска ја прими делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република, предводена од претседателот на комисијата г.Јиржи Динстбиер. Изразувајќи благодарност за принципиелната поддршка на Чешката Република на нашата држава во евроинтегративните процеси претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека Република Македонија ги исполни сите услови за укинување на визниот режим, како и за добивање датум за отпочнување на преговорите со Европската унија.

Македонија, нејзините граѓани очекуваат Европската комисија да има исти стандарди, а тоа се критериумите од Копенхаген, кои треба да важат за нас и за сите држави во регионот. Република Македонија и државите од регионот географски, културно и цивилизациски се дел од Европа, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија

Click