Активности



Вторник, 7 декември 2010 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 48. Седница, одржана денеска, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (второ читање).

Во својство на претставник на Владата на Република Македонија, на седницата присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Никола Ќуркчиев, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот поднесени се вкупно пет амандмани.

На седницата, од вкупно поднесените амандмани два беа усвоени, додека три не беа усвоени.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Никола Ќуркчиев, г. Цветан Трипуновски и г. Феми Јонузи.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click