Активности



Четврток, 9 декември 2010 година

Педесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Педесет и четвртата седница одржана на 6 декември 2010 година, го разгледа

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, второ читање

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, второ читање, го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click