Активности



Четврток, 9 декември 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕСЕТтИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ 

Излезе десеттото издание на Билтенот на Собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ).

Во тековниот број на Билтенот, содржани се информации за одржувањето на Осмиот состанок на МПК- Република Македонија и Европската унија, за традиционалното предавање на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија за 2010 година од страна на Н. Е. Ерван Фуере на претседателот Трајко Велјаноски и на останатото раководство на Собранието, потоа за посетата на пратенички на Собранието на Европскиот парламент, како и за активности на Клубот на пратенички на средба со Н. Е. Симоне Филипини, амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија и холандските женски организации. Во билтенот се опфатени теми и за одбележувањето на 20 години плурализам во Македонија и посетата на г. Александар Спасеновски на Брисел во рамките на подготовките за претстојниот состанок на МПК.

Изминатите 11 месеци, Мешовитиот парламентарен комитет преку Билтенот редовно на месечна основа ги информира европратениците во Европскиот парламент, но и пратениците во националните парламенти на земјите-членки и земјите-кандидати за ЕУ кои работат на европски прашања, администрацијата во Европскиот парламент и националните парламенти, преставници на домашни и странски невладини организации, институции и образовни установи од земјата и од странство, за сите активности на Собранието на Република Македонија поврзани со евроинтегративниот процес.

Билтенот се изготвува во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx
 
а за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click