50 седница на Комисијата за финансирање и буџет 4.02.10...



Четврток, 4 февруари 2010 година

Педесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Педесеттата седница, одржана на 3 февруари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1 (прво читање)

Прочитај повеќе

Четврта седница на Комисијата за локална самоуправа 4.02.10...



Четврток, 4 февруари 2010 година

Четврта седница на Комисијата за локална самоуправа

Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија на Четвртата седница, одржана на 3 февруари 2010 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлогот на законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговските друштва основани од Република Македонија, односно од општините или Град Скопје, по скратена постапка

Прочитај повеќе

Наградата „Бисери на мудроста“за Македонија од Европската а...

Среда, 3 февруари 2010 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Јавна расправа на тема: Наградата „Бисери на мудроста“ за Македонија од Европската асоцијација за цервикален канцер

Добитници на наградата се Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, Министерството за здравство, Организацијата на жени од Свети Николе, Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и Македонското женско лоби.

Прочитај повеќе

49 седница на Комисијата за финансирaње и буџет 2.02.10...



Вторник, 2 февруари 2010 година

Четириесет и деветта седница на Комисијата за финансирaње и буџет

Комисијата за финансирaње и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и деветтата седница, одржана на 1 февруари 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи-прва фаза ( второ читање) и Предлогот на закон за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговските друштва основани од Република Македонија, односно од општините или Град Скопје, по скратена постапка

Прочитај повеќе

МОЛИТВЕН ПОЈАДОК ВО ВАШИНГТОН, 1.2.2010...



Понеделник, 1 февруари 2010 година

ПРАТЕНИЦИТЕ СПАСЕНОВСКИ, ПЕТРОВ И РУШИТИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА 58. МОЛИТВЕН ПОЈАДОК ВО ВАШИНГТОН

Пратениците во Собранието на Република Македонија, г. Александар Спасеновски, г. Андреј Петров и г. Сулејман Рушити ќе присуствуваат на 58. молитвен појадок, во Вашингтон, на кој ќе учествува и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), г. Барак Обама.

Молитвениот појадок е во организација на американскиот Конгрес и, според воспоставената традиција, се одржува секој прв четврток во февруари. На настаните што се одвиваат во рамките на манифестацијата, чиј централен настан е молитвениот појдаок, најавено е присуството на поголем број светски лидери, политичари, како и на американски сенатори и конгресмени.

За време на посетата на САД, се очекува пратениците да остварат повеќе средби со членови на Конгресот и на Сенатот, со високи претставници на Стејт департментот и американската администрација, како и со политички личности од други држави, кои ќе земат учество на молитвениот појадок.

Прочитај повеќе

24 седница на Комисијата за одбрана и безбедност 01.02.10...



Понеделник, 1 февруари 2010 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и четвртата седница, одржана на 29-ти јануари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за служба во Армијата на Република Македонија - I читање и водеше амандманска расправа по Предлогот на закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муниција

Прочитај повеќе

35 седницана Комисијата за економски прашања 29,01,10...



Петок, 29 јануари 2010

Триесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва (второ читање)

Прочитај повеќе

12 седница на Националниот совет за евроинтеграции 29,01,10...



Петок, 29 јануари 2010 година

Дванаесетта седница на Националниот совет за евроинтеграции

Националниот совет за евроинтеграции на денешната седница ја разгледа Националната програма за усвојување на правото на ЕУ - ревизија  2010 година. На седницата на Советот присуствуваа г-ѓа Марија Анхелес Гарсија де Лара, вршител на должноста амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, г-ѓа Марина Курте и г-ѓа Ружица Андроникова, претставници од Делегација на Европскаta унија во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Финскиот модел како помош за членство на Македонија во ЕУ 2...



Среда, 27 јануари 2010 година

Финскиот модел како помош за членство на Македонија во ЕУ

Членови на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија денеска остварија средба со Делегација на Големата комисија за европски прашања на Финскиот парламент.

Прочитај повеќе

Петар Поп Арсов, со делегација на Големата комисија за евро...



Среда, 27 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, со Делегација на Големата комисија за европски прашања на Финскиот парламент

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и членовите на Kомисијата г-ѓа Станка Анастасова, г. Панче Дамески, г-ѓа Силвана Бонева, г. Ванчо Коцев, г. Миле Пачемски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Васко Шутаров, г. Александар Спасеновски и г-ца Христина Рунчева денеска остварија средба со Делегација на Големата комисија за европски прашања на Финскиот парламент

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ по повод наградата Бисери на мудроста...



Среда, 3 февруари 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод наградата „Бисер на мудроста“, доделена од Европската асоцијација за цервикален канцер

Како пратеник и како претседател на Собранието на Република Македонија навистина ми причинува големо задоволство фактот дека оваа награда, меѓу другите институции и невладини организации, од Македонија ја добива и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија. Со ова не само што се потврдуваат активностите и резултатите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, туку е и признание за активноста и работењето на Собранието, како и за нивото на парламентаризмот кај нас, кој не се сведува само на процесот на донесување на закони туку многу пошироко. 

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со амбасадор на Индија...



Петок, 29 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Индија, Н.Е. Дивиаб Манчанда

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Индија за Република Македонија, Н.Е. Дивиаб Манчанда. На средбата претседателот Вељаноски ја нагласи потребата од зајакнување на соработката со една важна и пријателска земја како што е Република Индија и ја изрази својата подготвеност како претседател на Собранието да помогне во интензивирање на сите форми на парламентарна соработка.
„Со Република Индија имаме и уште нешто заедничко, а тоа е Мајка Тереза, која се родила во Скопје а живеела и работела во Индија и денес е годишнина од отворањето на куќата на Мајка Тереза во Скопје“, истакна претседателот Вељаноски

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со амбасадорот на Алжир 29.01.10...



Петок, 29 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, Н.Е. Хабиб Шауки Хамруи

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Народна Демократска Република Алжир за Република Македонија, Н.Е. Хабиб Шауки Хамруи. На средбата претседателот Вељаноски ја потенцираше важноста од интензивирање на парламентарната соработка, како и севкупните политички односи меѓу двете земји, изрази надеж дека со отворање на амбасади и во Република Алжир и во Република Македонија ќе се отворат повеќе можности за соработка, како на политички, така и на економски план, и ја искажа својата подготвеност во наредниот период да оствари средба со претседателот на Алжирскиот парламент

Прочитај повеќе

Еднодневна работилница на ВФД во СРМ...



Петок, 22 јануари 2010 година

Еднодневна работилница на Вестминстерската фондација за демократија во Собранието на Република Македонија

Активноста имаше за цел презентирање на британските искуства во поглед на планирањето и спроведувањето на јавните надзорни активности, размена на мислења меѓу македонските пратеници и гостите од британскиот парламент, како и усвојување на конкретни препораки и следни чекори за сето она што е потребно да се преземе и направи како дополнително би се развиле и подобриле надзорните практики во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Изгласани амандманите на Извештајот за Македонија 27.01.10...



Среда, 27 јануари 2010 година, Европски парламент

Изгласани амандманите на Извештајот за Македонија

Со 56 гласа „за“, 5 „воздржани“ и 5 „против“, Европскиот парламент денеска ги изгласа амандманите на Извештајот за Македонија, поднесени од словенечкиот европратеник и известувач, г. Зоран Талер, со кои се бара во март годинава земјата да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Прочитај повеќе
1...222324                         
Click