Најави

Петок, 24 декември 2010 година, 10,00 часот, Сала 4
 
КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА
 

Предлог на дневен ред:

 

1.Разгледување на Предлог-одлуката за разрешување на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции;

2.Утврдување Предлог-одлука за именување членови на Комисијата за заштита од дискриминација;

3.Утврдување мислење по Предлог-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на Службата на Собранието на Република Македонија;

4. Утврдување мислење по Предлог-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Службата на Собранието на Република Македонија;

5. Утврдување Предлог-одлука за именување на член на Советот за статистика на Република Македонија;

6. Известување во врска со Одлуката за објавување јавен конкурс за избор на заменик-директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци;

7. Утврдување Предлог-одлука за именување претставници во Собирот на работници на Републичкиот завод за унапредување на домаќинството - Скопје;

8. Разно.

 
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 
1.    Утврдување Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.

 

 

Click