Собраниско раководство

Петок, 7 мај 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на Република Црна Гора, Н.Е. Душан Мрдојевиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Црна Гора за Република Македонија, Н.Е.Душан Мрдојевиќ

На средбата, претседателот Вељаноски ги нагласи досегашните пријателски односи со Република Црна Гора и изрази надеж дека овој интензитет на соработка ќе продолжи и во иднина. Tој ја потенцираше важноста од зајакнување на парламентарната соработка меѓу двете држави и ја истакна важноста од евроатлантската интеграција на регионот, што ќе биде од големо значење за развојот на Република Црна Гора и на Република Македонија.

Новоименуваниот амбасадор на Република Црна Гора, г. Душан  Мрдојевиќ, го изрази своето задоволство од средбата со претседателот Вељаноски и ја искористи можноста да му ги пренесе поздравите од неговиот колега, претседателот на црногорскиот парламент, г. Ранко Кривокапиќ.

На средбата, амбасадорот Мрдојевиќ ја потенцираше, исто така, важноста на европските интеграции и нагласи дека за Република Црна Гора од големо значење е пренесување на искуството што го има Република Македонија како земја-кандидат за членство во Европската унија.

Амбасадорот Душан Мрдојевиќ посебно ја нагласи потребата од поголема економска соработка со оглед на стопанскиот потенцијал што го имаат двете држави.   

 

Click