Собраниско раководство

Понеделник, 26 април 2010 година

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Трајко Вељаноски денеска замина во посета на Народна Република Кина

Во текот на посетата, претседателот на Собранието, Вељаноски и членовите на собраниската делегација ќе остварат средба со претседателот на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес на Народна Република Кина, Ву Бангоу, што претставува прва средба на претседатели на парламенти меѓу двете држави, како и средба со претседателот и членовите на парламентарната група за соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина.

Претседателот Вељаноски ќе се сретне и со заменикот на претседателот на Народна Република Кина, Кси Јинпинг и со потпретседателот на Народниот конгрес, Хан Шид.

Во рамките на посетата на Народна Република Кина, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и пратениците Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми ќе го посетат Шангај каде што ќе учествуваат на отворањето на Светската изложба Шангај Експо 2010, на која со свој изложбен простор учествува Република Македонија, што претставува можност пред светската јавност да се претставиме со нашето богато културно и историско наследство, но и со градењето на урбано општество врз достигнувањата на полето на економијата, науката и технологијата.

 

 

 

Click