ЕУ вести



Среда, 21 јули 2010 година

ЕУ со заеднички сили во борбата против тероризмот

Заедничка борба против тероризмот на земјите-членки на Европската унија, е целта на Европската комисија во наредниот период. Комисијата смета дека  досега не се водело доволно сметка за заштита од тероризмот и затоа потребни се итни мерки.

„Треба да сме во состојба да спречуваме, да штитиме, да иследуваме и да одговориме на конкретните закани. Во иднина ќе мораме да водиме сметка, пред сè, за спречување на радикализирањето во нашите општества, да го спречиме финансирањето на терористичките структури, да се погрижиме за зголемена безбедност во сообраќајниот сектор, како и да ја зголемиме способноста да реагираме на кризни ситуации“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи, г-ѓа Сесилија Малмстром.

Тероризмот не е нова појава во Европа. Тој се јавува во различни форми и користи се пософистицирани и смртоносни организациони и оперативни техники и методи, а добро организираните терористички групи добиваат финансиска помош и поддршка од различни мрежи во многу земји.

И покрај досегашните активности на Еврокомисијата на ова поле, сепак г-ѓа Малмстром истакна дека е потребна засилена соработка на земјите-членки на ЕУ, која би резултирала со преземање мерки од подолгорочен и сеопфатен карактер.

Click