ЕУ вести



Вторник, 27 јули 2010 година

Исланд преговара за членство во ЕУ

Денеска започнуваат преговорите за членство на Исланд во Европската унија, кои опфаќаат 30 поглавја. Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера во Брисел дадоа зелено светло за почеток на пристапни преговори со оваа земја, но исто така побараа од официјален Рејкјавик да го реши спорот со Холандија и Велика Британија околу обесштетувањето на нивните штедачи во пропаднатите исландски банки.

Исто така, Исланд за да стане 29-та земја-членка на Унијата, ќе треба да реши и многу прашања во областа на риболовот и земјоделството.

Сепак, официјалните власти на земјата, која веќе е дел од шенген-зоната и Европската асоцијација за слободна трговија, се надеваат дека за две години ќе станат дел од европското семејство.

Покрај почеток на преговори со Исланд, вчера шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ се одлучија и за нов пакет рестриктивни мерки за Иран во областа на трговијата, финансиските услуги, енергијата и транспортот, како и старт на новата дипломатска служба на ЕУ, со која ќе раководи г-ѓа Кетрин Ештон, висок претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност.

Click