ЕУ вести



Петок, 29 октомври 2010 година

Измени на Лисабонскиот договор со цел финансиска стабилност

На дводневниот самит на Европската унија, кој започна вчера во Брисел и кој заврши неколку часа по полноќ, лидерите на земјите-членки на ЕУ го прифатија Акциониот план за мала измена на Лисабонскиот договор, во однос на воспоставувањето постојан кризен механизам за финансиската стабилност на еврозоната.

Со новиот план се предвидува засилен надзор над економската политика на земјите од еврозоната. Целта на измената е создавање на постојана мрежа за безбедност, во случај на задолженост, како последниот пример со економскиот колапс на Грција.

Сепак, измените ќе бидат минимални, со цел да се избегне гласање во секоја земја-членка поединечно.

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј, извести дека конечната одлука во врска со измените ќе биде донесена на декемврискиот самит, а треба се реализира до средината на 2013 година.

Click