ЕУ вести



Вторник, 29 јуни 2010 година

Летен универзитет за демократија во Стразбур

Во Стразбур се одржува петтиот Летен универзитет за демократија, којшто годинава е посветен на „Кризата на лидерството" и на кој учествуваат околу 600 студенти од факултети за политички науки од 16 европски држави.

Летниот универзитет има за цел да ја обучи следната генерација на политички, економски, социјални и културни лидери во земјите во транзиција. Тој претставува клучен собир на млади лидери, работници во јавниот сектор на Нова Европа, можност за одржување дебати, размена на идеи и обид да се одговори на актуелните прашања.

„Неопходни ни се политички лидери кои можат да понудат едно мултикултурно општество, кои ќе понудат повеќе од говори на страв и одржување на статус кво. Потребно ни е лидерство кое може да ни понуди доверба во едно либерално-демократско општество базирано на идејата за човекови права, со постојана рационална и критичка дебата“, изјави генералниот секретар на Европскиот совет, г. Торбјорн Јагланд, во своето воведно излагање.

На Летниот универзитет учествува и македонскиот вицепремиер, г. Васко Наумовски.

Click