ЕУ вести



Четврток, 4 ноември 2010 година

Потребно е засилување на соработката во борбата против трговијата со дрога

На Конференцијата на Советот на Европа во Стразбур, „Групата Помпиду“ (Мултидисциплинарен форум кој се фокусира на политиката кон дрогата) ги повика министрите и нивните претставници од 50 земји од и надвор од Европа да ја засилат соработката во борбата против трговијата со дрога и злоупотребата на дрогата.

Повеќе од 150 учесници расправаат за ризиците од дрогата на работното место, легалната трговија со дозволени супстанции кои се користат за изработка на илегални дроги, како и за меѓународната соработка во однос на патиштата за трговија со дрога.

На дводневната конференција беа објавени неколку извештаи, вклучувајќи целосно проучување на системот за обработка во 22 европски земји, истражување на етичките прашања, злоупотреба на дрогата во рекреативни места и др.

Исто така беше разгледано и претстојното вклучување на Република Македонија и Србија како нови членки на „Помпиду групата“ од 1 јануари 2011 година.

Инаку, „Групата Помпиду“ е формирана во 1971 година од страна на седум европски земји (Франција, Белгија, Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Велика Британија), со цел споделување на искуствата во борбата против зависноста од дрога и трговијата со дроги, а е дел од Советот на Европа од 1980 година. 

Click