ЕУ вести



Вторник, 27 јули 2010 година

Познати трите филмови кандидати за наградата на Европарламентот

Академија Платон“ (на Филипос Цитос - Грција, Германија), „Странци“ (на Фео Аладаг – Германија) и „Незаконски“ (на Оливие Масе-Депас – Белгија) се трите од вкупно десетте номинирани филмови кои ќе се борат за филмската награда „Лукс“, која ја доделува Европскиот парламент.

Ова беше соопштено денеска во Венеција, како дел од партнерството меѓу наградата „Лукс“ и Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. 

Филмовите говорат за срцата и идентитетот на Европејците, што ги тера луѓето да се запрашаат за нивните културни и семејни односи, како и за правилата по кои живеат.

Најдобриот филм за 2010 година ќе го изгласаат европратениците, а наградата ќе ја додели претседателот на Европскиот парламент на 24 ноември во Стразбур. 

Европарламентот на победникот ќе му овозможи превод на филмот на 23-те официјални јазици на Европската унија, производство на 35-мм верзија за секоја држава-членка и помош во издавањето на ДВД.

Click