ЕУ вести



Понеделник, 18 октомври 2010 година

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, утре во Република Македонија

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, утре, во рамките на својата балканска турнеја, ќе ја посети и Република Македонија. На еднодневната посета во Република Македонија, претседателот на Европскиот совет ќе оствари средба со македонскиот државен врв.

Пред почетокот на турнејата, г. Херман Ван Ромпуј, во своето видео-обраќање, на властите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, им порача дека за Западниот Балкан стои отворено местото во европскиот дом.

Споровите треба да се решат пред земјите да бидат примени во Унијата и дека од нив се очекува многу да работат.

„Ни требаат поинтензивни севкупни реформи во клучните области: демократија, добро раководење, човекови права и владеење на правото. Корупцијата и организираниот криминал се закана за стабилноста и економскиот развој. Силната регионална соработка мора да води кон добри меѓусоседски односи”, посочи г. Херман Ван Ромпуj.

Теми кои се очекува да доминираат на овие средби се претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, а се очекува да стане збор и за билатералниот проблем за името со Грција.

Воедно, претседателот на Европскиот совет на својата балканска турнеја ќе ги посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.

Click