ЕУ вести



Четврток, 21 октомври 2010 година

Продолжено породилното отсуство во ЕУ

На пленарната седница во Стразбур, Европскиот парламент со мнозинство гласови одлучи породилното отсуство во земјите од Европската унија да биде зголемено од 14 на 20 седмици, со полна плата. Исто така и за татковците е одобрено платено отсуство од најмалку две седмици

Целта на оваа одлука на Европарламентот е да постави минимални стандарди на ниво на ЕУ, а земјите-членки имаат можност да го воведат европскиот закон или пак да си го задржат постоечкиот, доколку е поповолен за вработените.

Европратениците усвоија и амандмани со кои се забранува отпуштање на вработените жени во периодот од моментот на забременување до поминувањето на најмалку шест месеци по породилото отсуство. По враќањето на работа, мора да им се обезбеди истото работно место или слично нему, со иста плата, професионална положба и исти обврски како пред заминувањето на породилно отсуство. Работодавците, пак, не смеат да ги приморуваат вработените жени на ноќна или прекувремена работа во текот на бременоста доколку постојат некакви здравствени проблеми 10 седмици пред породувањето и во текот на периодот на доење. 

Click