ЕУ вести

Вторник, 7 септември 2010 година

Прво годишно обраќање на претседателот на Еврокомисијата

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, го имаше првото годишно обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, во кое главниот акцент го стави на европската економија.

Првиот човек на Еврокомисијата истакна дека Стариот континент ја надмина кризата, но сепак покажа загриженост поради високото ниво на невработеност.

Тој побара зајакнување на соработката меѓу земјите-членки на Унијата, истакнувајќи дека глобалната економска криза само докажала колку се тие зависни една од друга.

„Европа мора да покаже дека е повеќе од само 27 различни национални решенија. Или ќе пливаме заедно, или ќе потонеме одделно“, изјави г. Баросо.

Идејата на Европската унија за обраќање еднаш годишно е осмислена по теркот на традиционалниот годишен говор на американскиот претседател пред нацијата.
Click