ЕУ вести

Вторник, 27 јули 2010 година

Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

Постигнувањата на Република Македонија на патот кон членство во Европската унија, политичките и економските критериуми, спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, финансиската соработка и приспособувањето кон ЕУ законодавството, ќе бидат разгледани на денешниот Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ.

На состанокот во Брисел ќе претседава г. Стивен Ванакере, министер за надворешни работи на Белгија, земја-претседавач со Унијата, а копретседавач ќе биде македонскиот министер за надворешни работи, г. Антонио Милошоски.

На средбата ќе стане збор и за Лисабонскиот договор, стратегијата „Европа 2020“, економската криза, состојбите на Балканот, како и придружувањето на Република Македонија кон Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Click