ЕУ вести

Четврток, 1 јули 2010 година, Совет на Европа

Стапи на сила Конвенцијата за заштита на децата од сексуална злоупотреба

Денеска стапува на сила Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, која претставува прв меѓународен инструмент за сузбивање на сите форми на сексуалното насилство врз децата, вклучувајќи го и семејното насилство.

„Сексуалното насилство врз децата е злосторство против детството. За негово искоренување ќе биде потребно повеќе од зборови и ветувања. Потребни се активности за спречување, осудување и казнување, помош за децата сами да се заштитат и изразат, како и да им се даде шанса на жртвите да ја премостат траумата. Тоа е неопходно, остварливо и итно“, изјави заменик-генералниот секретар на Европскиот совет, г. Мод де Боер-Букичио.

Конвенцијата се занимава со сексуалната злоупотреба, детската проституција и порнографија, принудувањето на децата на учество во порнографски претстави и секс-туризмот.
Click