ЕУ вести



Вторник, 9 ноември 2010 година

Завршува македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа

На утрешниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, Република Македонија ќе ѝ го предаде на Република Турција претседавањето со раководниот орган на најстарата паневропска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Македонскиот министер за надворешни работи, г. Антонио Милошоски, како претседавач со Комитетот на министри, ќе ги презентира сите оние активности кои нашата земја ги презеде за време на шестмесечното претседавање.

Во фокусот на македонското претседателство беа три главни области: заштитата на човековите права, меѓукултурниот дијалог и вклучување на младите во општествениот живот.

Идниот претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Ахмет Давутоглу, ќе ги претстави приоритетите на претседавањето на неговата земја до мај 2011 година, кога претседателството ќе го преземе Украина.

Click