Собраниско раководство



Вторник, 4 октомври 2011 година

ПРОТОКОЛАРНA СРЕДБA НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИOТ АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Унгарија Н.Е. д-р Јожеф Бенце.

Средбата помина во срдечна атмосфера, при што од страна на амбасадорот Бенце беше искажано задоволство од високо развиените билатерални односи. Тој нагласи дека нема отворени прашања меѓу двете пријателски земји и односите се карактеризираат со добра соработка во сферата на образованието, економијата и науката.

Претседателот Вељаноски го поздрави фактот што од Република Унгарија доаѓа најголемиот инвеститор во земјава, и се заложи за понатамошна соработка во областа на  економијата. Соговорниците изразија верување дека Република Македонија наскоро ќе биде дел од Европската Унија и со тоа ќе се даде дополнителен придонес за регионалната стабилност и безбедност. Од страна на претседателот Вељаноски, беше нагласено дека Република Македонија иако не е членка на НАТО, таа ги превзема сите обврски како полноправна членка. Претседателот Вељаноски ги поздрави добрите односи меѓу двата парламенти, потсетувајќи на потпишаниот меморандум за соработка меѓу двата парламенти при официјалната посета во 2008 година.

На средбата исто така се разговараше за учеството на Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, на претстојната Петта конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан, која ќе се одржи на 12 октомври во Будимпешта.

И двајцата соговорници изразија подготвеност за продлабочување на сите облици на соработка меѓу парламентите на двете земји, која би претставувала и поттик за соработката меѓу бизнис заедниците и граѓаните.   

 


 

Click