Активности



Четврток, 7 април 2011 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македониј,а на седницата одржана на 5 април 2011 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите;
  2. Предлогот на закон за дополнување на Законот за здравствена заштита 
  3. Предлогот на закон за дополнување на Законот за прекурзори;
  4. Предлогот на закон за дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција;
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала;
  6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност;
  7. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за хемикалии;
  8. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување;
  9. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за евиденции во областа на здравството.

Комисијата по Предлогот на закон за дополнување на Законот за здравствена заштита  ги претресе следните поднесени амандмани:

  • Амандманот за менување на насловот на Законот, поднесен од пратениците: Миле Пачемски, Јован Гинев и Марија Андоновска, под архивски број 07 - 1665/3

Во претресот по поднесениот амандман учествуваше пратеникот Марија Андоновска и повереникот од Министерството за здравство, г. Зоран Стојановски.

Комисијата едногласно го усвои амандманот.

  • Комисијата водеше единствен претрес по Амандманот за бришење на членот 3, поднесен од пратениците: Марија Андоновска, Миле Пачемски, Јован Гинев, Веле Ѓорѓиевски, Оливера Трајановска и Зумрете Јакупи, под архивски број 07 - 1665/2 и Амандманот за бришење на новиот член 115-г во членот 3, поднесен од пратениците Миле Пачемски, Јован Гинев, Марија Андоновска и Зумрете Јакупи, под архивски број 07 - 1665/4

Во претресот по поднесениот амандман учествуваа пратениците: Марија Андоновска, Јован Гинев, повереникот од Министерството за здравство, г. Зоран Стојановски и претседателот на Лекарската комора на Република Македонија, г. Владимир Борозанов.

Комисијата едногласно го усвои амандманот.

  • Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за здравство го поднесе Амандманот:

Членот 8 се менува и гласи: „Подзаконскиот акт предвиден со овој закон ќе се донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон“.

Амандманот е во корелација со претходно усвоениот амандман за бришење на член 3 од Законот.

Комисијата едногласно го усвои овој амандман.

По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, второ читање, Комисијата ги претресе поднесените Амандмани: 

  • Aмандманот на членот 2 за менување на став 2 поднесен од пратениците Миле Пачемски, Јован Гинев и Зумрете Јакупи,  под архивски број 07- 1664/3

Во претресот по поднесениот амандман учествуваа пратеникот Миле Пачемски и министерот за здравство, г. Бујар Османи. По образложението дадено од страна на министерот за здравство, Амандманот беше повлечен од предлагачот.

  • Амандманот за менување на членот 28 поднесен од пратениците Марија Андоновска, Миле Пачемски, Јован Гинев, Веле Ѓорѓиевски, Оливера Трајановска и Зумрете Јакупи,  под архивски број 07-1664/2

Во претресот по поднесениот Амандман учествуваа пратеникот Марија Андоновска и министерот за здравство, г. Бујар Османи.

Комисијата едногласно го усвои амандманот.

  • На предлог на пратеникот Марија Андоновска, а согласно членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата ги поднесе следните Амандмани:

1. Амандман I

Во членот 9 новата точка 3-а се менува и гласи: ,,3-а) 1% од бруто полисираната премија за задолжително осигурување на сопственици, односно корисници на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица (вклучувајќи ја и бруто полисираната премија за осигурување на сопственици, односно корисници на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, надвор од територијата на Р. Македонија-Зелена карта)“.

Претставникот на Владата на Република го прифати овој Амандман.

2. Амандман II

Во членот 23 став 2 зборовите: ,,кои не се вршат во јавните здравствени установи“, се заменуваат со зборовите: ,,кои не се содржани во листите на услуги, составен дел на дозволата за вршење на дејност на јавните здравствени установи, издадена од министерот за здравство“.

Претставникот на Владата на Република го прифати овој Амандман.

Во определениот рок од Деловникот по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите, Предлогот на закон за дополнување на Законот за прекурзори, Предлогот на закон за дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за хемикалии и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за евиденции во областа на здравството немаше поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата едногласно заклучи горенаведените Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click