Активности



Среда, 30 март 2011 година

Седумдесет и четврта седница на  Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и четвртата седница, одржана на 29 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнувања на Законот за водите - I читање;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот - I читање;
  3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина - I читање;
  4. Предлог-законот за прогласување на Дојранско Езеро за споменик на природата - I читање;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за домување - I читање;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај - I читање;
  7. Предлог-законот за дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води - I читање;
  8. Предлог-законот за дополнување на Законот за жичари и ски-лифтови - I читање;
  9. Предлог-законот за дополнување на Законот за јавна чистота - I читање;
  10. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште - I читање;
  11. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање;
  12. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти - I читање;
  13. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта - I читање;
  14. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба - I читање;
  15. Предлог-законот за дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање - I читање;
  16. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги - I читање;
  17. Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање;
  18. Предлог-законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата - I читање;
  19. Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање;
  20. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем - I читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа г-ѓа Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина и просторно планирање  и г. Горан Михајловски, заменик-министер за транспорт и врски.

Во образложението на Предлог-законите, поверениците на Владата ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Тие особено укажаа дека со Предлог-законите  ќе се подобрат и допрецизираат правните основи за примена на одредени одредби од Законот од страна на субјектите кои се обврзани за примена на овој закон и се однесуваат на начелото „молчењето е одобрување".

На крајот, Комисијата едногласно без дискусија го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.
Click