Активности



Понеделник, 24 јануари 2011 година

Осумдесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Осумдесет и деветтата  седница, одржана на 20 јануари 2011 година, како матично работно тело ги разгледа: 

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сметководството на непрофитните организации (во второ читање);
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење услуги брз трансфер на пари (во второ читање);
  3. Предлогот  на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит (во второ читање);
  4. Предлогот  на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (во второ читање).

Со оглед на тоа што по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење услуги брз трансфер на пари и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сметководството на непрофитните организации, не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа и да ги донесе овие закони.

По Предлогот  на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит беа поднесени и усвоени два амандмани, додека во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси беше поднесен и усвоен еден амандман.

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит и  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси.

Click