Активности



Петок, 25 март 2011 година

Индонезија може да биде база за влез на Македонија на азискиот пазар

Во рамките на церемонијата на предавање на акредитивни писма, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија за Република Македонија, со седиште во Будимпешта, Н.Е. Марули Туа Сагала, го посети и потпретседателoт на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити

Во придружба на амбасадорот беа: неговата сопруга, г-ѓа Елита Сагала; г. Дви Вахју Вибово, министер советник за политички прашања; г-ѓа Патриција Л. Силалахи, втор секретар за економски прашања и г-ѓа Ингрид Росалина, втор секретар за протокол и конзуларни работи.

На средбата, Н.Е. Марули Туа Сагала ја оцени Индонезија како демократска земја, која е пример за тоа дека демократијата и исламот можат да живеат заедно. Мотото на оваа земја е - единство во различностите.

Потпретседателот Аљити, исто така, ја смета Индонезија за вистински модел за добри меѓуетнички и меѓуверски односи, модел на соживот и толеранција меѓу луѓето, кој треба да го следат сите муслимански земји.

Истовремено, беше нагласено дека билатералните односи меѓу Индонезија и Македонија треба да се подобрат, посебно во економската сфера. Во тој поглед, потребно е интензивирање на контактите преку средби на пратеници и бизнисмени од двете земји.

Двете страни се согласија дека Индонезија би можела да биде база за влез на Македонија на азискиот пазар, но исто така и Македонија би можела да има таква улога за Индонезија во однос на пазарот на земјите од Западен Балкан.

 

 

Click