Активности



Понеделник, 24 јануари 2011 година

Педесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 50. Седница, одржана на 21 јануари 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите (прво читање);
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравствo (прво читање);
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата (второ читање);
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња( второ читање);
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата (второ читање);

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа: г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Војо Гоговски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и г. Војо Соколовски и г. Дарко Скендерски, како претставници од Национално здружение на сопственици на приватни шуми.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Тој посебно ги нагласи целите што ќе се постигнат со овој Предлог-закон во смисла на трајно одбележување на границите на приватните и државните шуми, лиценците за одобрување за експлоатација на шумите како и прекршоците предвидени за сторени против законски дејства од одредени прекршители на истите.

На седницата, во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравствo, во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа: г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за безбедност на храна и ветеринарство и г-ѓа Светлана Мицкова, претставник од Агенцијата за безбедност на храна и ветеринарство.

Претставникот на Владата посебно ја нагласи потребата од усогласувањето со Законот за безбедност на храна поради формирањето на новата Агенција за храна и ветеринарство која ги инкорпорира органите кои беа во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за здравство. Тој укажа дека со овој закон се зголемува либерализацијата на пазарот со ветеринарните услуги.

Претседателот на Комисијата, г. Никола Ќуркчиев, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња поднесе 2 амандмани и едногласно ги усвои истите.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата, од страна на Комисијата беа поднесени 2 амандмани и едногласно беа усвоени истите.

На крајот, Комисијата со 7 гласа „за“ и 2 „воздржани“, оцени дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравствo и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите се прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Воедно, Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата, да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click