63 седница на Комисијата за труд и социјална политика 03.03...



Четврток, 3 март 2011 година

Шеесет и трета седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на 63. седница, одржана вчера, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување-II читање и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за инспекција на труд-II читање.

Прочитај повеќе

Сто години празник на жената...



Вторник, 8 март 2011 година

Сто години празник на жената

Денеска се слави 100-годишнината на Меѓународниот ден на жената. 8 Март е глобален ден на кој се празнуваат економските, политичките и општествените постигнувања на жените и борбата за рамноправност со мажите.

Свое обележје на Меѓународниот ден на жената веќе неколку дена дава и Европскиот парламент, преку настани на кои се дискутира за нееднаквоста меѓу половите, сиромаштијата на жените, разликите во платата, пристапот до работни места, како и мајчинското прашање.

Денеска во Европарламентот се расправа по два извештаи, на теми: „Рамноправноста меѓу мажите и жените“ и „Лицето на сиромашната жена во Европската унија“.

Инаку, првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД, а следната година е одржана Првата меѓународна конференција на жените во Копенхаген, на која е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената. На 19 март 1911 година, овој празник за прв пат е прославен во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

За разлика од минатото, денеска жените имаат остварено голем напредок во рамноправноста, но има уште многу да се постигнува на повеќе полиња.


 

Прочитај повеќе

Европарламентот го одбележува Меѓународниот ден на жената 3...



Четврток, 3 март 2011 година

Европарламентот го одбележува Меѓународниот ден на жената

Со низа настани на кои ќе се потенцираат досегашните економски, политички и социјални достигнувања на жените, Европскиoт парламент од 3 до 8 март во Брисел и Стразбур ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената. Ќе се обрне внимание и на нееднаквоста меѓу половите која сè уште постои, сиромаштијата на жените, разликите во платата, пристапот до работни места, како и мајчинското прашање

Прочитај повеќе

Проштална средба на Теута Арифи со Н.Е. Ерван Фуере, 25.2.2...



Петок, 25 февруари 2011 година

Проштална средба на претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со Н.Е. Ерван Фуере

Амбасaдорот, г. Ерван Фуере изрази задоволство за нивото на остварената соработка со институциите во државата и секако со македонскиот парламент, особено со надлежните тела во собранието за евроинтегративниот процес на државата, но и со пратениците поединечно

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот г. Хисен Џемаили, на Десеттата зимска...



Петок, 25 февруари 2011 година, Виена, Австрија

Учество на пратеникот г. Хисен Џемаили, на Десеттата зимска сесија на ПС на ОБСЕ

Пратеникот г. Хисен Џемаили, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), учествува на Десеттата зимска сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува на 24 и 25 февруари 2011 година во Виена, Австрија

Прочитај повеќе

Европскиот парламент силен поддржувач на РM во евроинтеграт...



Понеделник, 21 февруари 2011 година

Европскиот парламент силен поддржувач на Република Македонија во евроинтегративниот процес

Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија денеска оствари средба со г. Едуард Кукан, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка за Република Македонија во групата на Европски народни партии и поранешен министер за надворешни работи на Словачка Република, кој е во работна посета на Република Македонија.

Прочитај повеќе

95. седница на Комисијата за финансирање и буџет 21.2.11...



Понеделник, 21 февруари 2011 година

Деведесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Деведесет и петтата седница, одржана на 18 февруари 2011 година, како матично работно тело, акко матично работно тело разгледа десет Предлог-закони, за кои воведно образложение даде заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи

Прочитај повеќе

53 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Понеделник, 21 февруари 2011 година

Педесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 53. седница, одржана на 17 февруари 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа

Прочитај повеќе

Средба со амбасадорот Донг Чун Фенг, 18.2.2011...



Петок, 18 февруари 2011 година

Средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија Н.Е. Донг Чун Фенг

Членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Народна Република Кина, г-ѓа Силвана Бонева, претседател, г-ѓа Нада Станчевска, г. Џеват Адеми и г. Васко Шутаров, членови, вчера остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Донг Чун Фенг

Прочитај повеќе

14. седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 18.2.11...



Петок, 18 февруари 2011 година

Четиринаесетта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска ја одржа Четиринаесеттата седница со дневен ред „Случувањата на Скопското Кале и нивното влиjание врз меѓуетничките и меѓуверските односи во Република Македонија”

Прочитај повеќе

Завршница на седницата на Европарламентот 17.2.11...



Четврток, 17 февруари 2011 година

Завршница на седницата на Европарламентот

На вчерашната пленарна седница во Стразбур, Европскиот парламент ја усвои резолуцијата во врска со преговорите за членство на Хрватска во Европската унија, коишто можат да завршат во првата половина на 2011 година под услов земјата да продолжи со успешно спроведување на реформите.

Борбата против корупцијата, поддршката за враќањето на бегалците и реструктурирање на бродоградилиштата се предизвиците со кои сè уште се соочува оваа земја.

По две и пол години преговори, членовите на Европарламентот денеска дадоа „зелено светло“ за ратификација на договорот на ЕУ за слободна трговија со Јужна Кореја.

Европратениците дискутираа и за ситуацијата во Египет, по падот на претседателот Хосни Мубарак, за тоа како 80 милиони Египѓани се исправени пред тешката задача за создавање нов демокраски поредок.

Исто така, Европарламентот усвои нови правила за поголеми права на патниците во автобускиот сообраќај, а одобри и нов закон кој треба официјално да го потврди Советот на министри, а се однесува на спречување интернет продажба на фалсификувани лекарства.

Прочитај повеќе

59 седница на Комисијата за економски прашања 16.2.11...



Среда, 16 февруари 2011 година

Педесет и деветта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Педесет и деветтата седница, одржана на 15 февруари 2011 година, како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 15.2.11...



Вторник, 15 февруари 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 14 до 17 февруари во Стразбур се одржува пленарна седница на Европскиот парламент. На отворањето, претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, говореше за актуелната ситуација во Египет, за пристигнувањето на бегалци од Северна Африка на европските брегови, за Меѓународниот ден против деца војници и неодамнешното извршување на смртна казна во Иран.

Денеска ќе биде ставена на гласање резолуцијата за пензиите, со која се поддржува одржливост на системите и адекватни пензиски примања. Пензиските реформи се во тек во Европа, како одговор на застарувањето на населението во ЕУ и економскиот пад.

На овонеделната седница, исто така, ќе стане збор и за членството на Хрватска во Унијата, како и за спорниот унгарски закон за медиумите.

Европратениците ќе се залагаат и за екологија, преку воведување на почисти и поекономични микробуси во ЕУ.

Во новото законодавство на ЕУ се предвидува да биде опфатена и заштитата на пациентите од фалсификувани лекарства преку интернет продажбата.

На агендата, покрај другото, ќе се најдат и: слободната трговија на ЕУ со Јужна Кореја, Дунавската стратегија, проблемот со зголемувањето на цените на храната во светот, безвизниот режим за граѓаните на ЕУ во Бразил, економските реформи и целите за развој на човековите права.

Прочитај повеќе

Пратеникот Петар Поп-Арсов-КОСАК, 11.2.2011...



Петок, 11 февруари 2011 година, Будимпешта

Пратеникот Петар Поп-Арсов учествуваше на Kонференција на претседатели на комисиите за европски прашања на државите-членки на Европската унија-КОСАК

Претседателот на Комисијата за европски прашања г. Петар Поп-Арсов оствари контакти со повеќе претседатели на комисии за европски прашања на земјите-членки на ЕУ, со кои дискутираше за одредени прашања актуелни во Европската унија, како и за можностите за деблокирање на евроинтегративните процеси на Република Македонија

Прочитај повеќе

94 седница на Комисијата за финансирање и буџет 10.02.11...



Четврток, 10 февруари 2011 година

Деведесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 94. Седница, како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе
1...6789          
Click