СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО)

Делегацијата во Парламентарното собрание  на Северноатлантската договорна организација се состои од шеф, двајца членови  и тројца заменици  членови.
                             
                                                                          
                                                                         Шеф на делегацијата: ЕРМИРА МЕХМЕТИ

                                                   Членови: НАТАША САВОВА-САЛКОВСКА
                                                ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

         Заменици - членови: ИЛИЈА КИТАНОСКИ
                                                 ГОРАН СУГАРЕСКИ
                                             ОРХАН ИБРАИМИ

Парламентарното собрание на НАТО е меѓупарламентарна организација на пратеници од земјите членки на Алијансата на  НАТО  и 17 нејзини асоцијативни членки. Собранието претставува критички форум за меѓународен дијалог на пратеници од Европа и од Северна Америка кои заедно дискутираат за теми од заеднички интерес и важност. Собранието е целосно независно од НАТО но е врска меѓу националните парламенти на земјите членки и НАТО и придонесува за јакнење на заедничкото разбирање  во Алијансата. Всушност, Собранието контируирано проверува дали донесените одлуки на меѓудржавно ниво во рамките на НАТО, имаат  политичката поддршка од демократски избраните парламенти на земјите членки.

Основна задача на Собранието е да ги надмине националните интереси и да се обиде преку дискусии и семинари за безбедносни прашања да постигне консензус меѓу земјите. Затоа, основен елемент во работата на Собранието е да разменува информации и да влијае врз националните ставови и интереси. Исто така Собранието е форум каде што одредени актуелни прашање на НАТО се тестираат и преоценуваат. Во ова смисла, Собранието индиректно игра значајна улога во формирањето на политичките мислења. Препораките и резолуциите на Собранието се доставуваат до националните влади и парламенти, како и до генералниот секретар на НАТО и другите релевантни организации. Врз основа на дебатата во Постојаниот совет на НАТО, Генералниот секретар на НАТО подготвува одговори на препораките и резолуциите на Собранието.

Целите на ПС на НАТО накратко може да се формулираат како:

  • Да се охрабри дијалогот меѓу парламентарците за важните безбедностни прашања;
  • Да се привлече парламентарното внимание за централните безбедносни прашања, за политиката на Алијансата  и поголемо разбирање за неа;
  • Да се пренесат колективните парламентарни ставови изградени во ПС на НАТО во НАТО и во неговите земји членки;
  • Да се развие подобро разбирање за политиката на НАТО и да се промовира повисоко ниво на колективна одговорност;
  • Да се зајакнат трансатлантските односи;
  • Да се промовира развој на парламентарна демократија низ евроатлантскиот регион со интегрирање на парламентарците од земји кои не се членки во работата на ПС на НАТО;
  • Да им се помогне на парламентите кои активно бараат членство во НАТО;
  • Да се зголеми соработката со земјите кои се повеќе заинтересирани за соработка отколку за членство во НАТО;
  • Да се помогне развојот на парламентараните механизми и практики кои се неоходни за ефикасна, демократска контрола на воените сили;

ПС на НАТО заседава двапати во годината на пленарни заседанија - на пролетното  заседание кое трае три дена  и есенско заседание кое трае пет дена. Овие состаноци се организираат  во земјите членки на НАТО на покана на националните парламенти.

Главен орган на Собранието е Постојаниот комитет кои се состои од лидерите на Собранието и шефовите на националните делегации. Секојдневните активности на Собранието се спроведуваат преку петте комисии и тоа: Политичката комисија, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за економија и безбедност, Комисијата за наука и технологија и Комисијата за цивилна димензија на одбраната, заедно со голем број на поткомитети. На барање на пратениците се формираат ад-хоц комисии и работни групи. Комисиите одржуваат регуларни состаноци и организираат студиски посети. Потоа на пленарните состаноци на Собранието секоја комисија поднесува писмени извештаи за темите кои ги проучувала и истите усно ги образложува.

Делегација на Собранието на Република Македонија учествуваше за прв пат во работата на ПС на НАТО во 1994 година, како набљудувач на 41-то заседание, што се одржа во Париз, Франција. На истото заседание на Собранието на Република Македонија и  беше доделен статус на асоцијативна делегација.