СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание  на Советот на Европа (ПС СЕ)

Делегацијата во Парламентарното собрание  на Советот на Европа се состои од шеф  на Делегацијата, двајца члена  и тројца заменици  членови на Делегацијата.

Акредитивите на членовите и замениците членови на Делегацијата во Парламентарното собрание  на Советот на Европа ги издава претседателот на Собранието на Република Македонија, најдоцна седум дена пред отпочнувањето на редовното годишно заседание на Парламентарното собрание  на Советот на Европа.

Мандатот содржан во акредитивот од став 2 на овој член неможе да се отповика, освен во случаите наведени во актите на Парламентарното собрание  на Советот на Европа.


Шеф на делегацијата: АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ

           Членови: ИГОР ИВАНОВСКИ
                             ЕРМИРА МЕХМЕТИ

        Заменици - членови: АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
                                   СОЊА МИРАКОВСКА
                   ИМЕР АЛИУ

Советот на Европа е меѓувладина организација формирана на 5 мај 1949 година од 10 земји, а денес има 47 земји членки. Основните цели на Советот на Европа се:

  • заштита на човековите права, плуралистичка демократија и владеење на правото;
  • унапредување на свеста и охрабрување на развојот на европскиот културен идентитет и разновидност;
  • барање на решенијата за проблемите со кои се соочува европското општество(ксенофобија, нетолеранција, заштита на човековата околина, клонирањето, сидата, дрогите и наркоманијата, организираниот крими-нал и сл.) и
  • помагање на консолидацијата на демократската стабилност во Европа преку политички, законодавни и уставни промени.

Парламентарното собрание на Севетот на Европа е парламентарен форум на Советот на Европа, каде се расправаат проблемите со кои се соочува европското општество и има советодавна функција во однос на Комитетот на министрите. Тоа е најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва. Неговата активност е фокусирана на прашања од тековната политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика.

Со цел да доминираат европски а не национални интереси Собранието има пет политички групи: Група на европски народни партии, Социјалистичка група, Европска демократска група, Алијанса на либерали и демократи и Групата на обединетата европска левица. 

Вообичаено членовите се групираат во овие партиски групи според нивната партиска припадност во своите земји, но некои членови избираат да не бидат членови на ниедна политичка група. Собранието заседава четири пати годишно (јануари, април, јуни и септември), на јавни седници кои траат една работна седмица, а вообичено одржува и една мини пролетна седница во некоја од земјите-членки.