ЕУ вести



Среда, 12 октомври 2011 година

Европската комисија ќе го презентира Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2011 година

Европската комисија денеска во Брисел ќе го објави својот редовен годишен Извештај за напредокот на Република Македонија во 2011 година.

Пакетот документи со стратегијата за проширување, заедно со Извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ и аспиранти за членство во Брисел, ќе ги презентира еврокомесарот за проширување, г. Штефан Филе.

Се очекува Европската комисија, трета година по ред да ја повтори препораката за почеток на преговорите за прием во ЕУ и нотирање на постигнувањата, но и областите каде е потребен поголем напредок.

Делови од Извештајот за Македонија ќе бидат завршени дури претпладнево, додека сепак одредени критични формулации ќе бидат утврдени на денешниот состанок пред конечното објавување на извештајот.

Еврокомесарот за проширување,  г. Штефан Филе, навести фер извештај, базиран на факти, кој ќе го рефлектира напредокот во земјата во последните 12 месеци.

Воедно, покрај Извештајот за напредокот на Република Македонија, денеска ќе бидат објавени и извештаите за останатите земји од Западен Балкан и Турција.

Годинава, Комисијата во извештаите за земјите од Западен Балкан ќе даде значење на слободата на изразување и слободата во медиумите, како и на борбата со корупцијата и криминалот.

Click