ЕУ вести

Петок, 14 октомври 2011 година

Европскиот парламент ќе ги награди новинарите

На 19 октомври, Европскиот парламент по четврти пат ќе ја додели наградата за новинарство, која ја добиваат новинари кои дале голем придонес разјаснувајќи важни прашања на европско ниво или придонеле за подобро разбирање на институциите на Европската унија и нивната политика.

Наградата ќе ја додели претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек, на свечена церемонија во Брисел, и тоа во четири категории: печатени медиуми, радио, телевизија и интернет, а победникот во секоја категорија ќе добие 5.000 евра.

Оваа година е забележан рекорден број пријавени кандидати за наградата – 355, од кои 158 за печатени медии, 73 за интернет, 64 за телевизија и 60 за радио.

Национално жири, составено од новинари од земјите-членки, избра 64 национални победници, од кои ќе бидат избрани четирите добитници.

Церемонијата на наградувањето ќе биде проследена со панелна дискусија на тема „Ништо не е невозможно: известување за човековите права и меѓународните конфликти“.
Click