ЕУ вести

Понеделник, 5 септември 2011 година

Големо „благодарам“ од Европарламентот за волонтерите од Европа

Европскиот парламент оваа седмица ќе биде домаќин на 1.500 млади волонтери од цела Европа, за да ја испочитува нивната досегашна добротворна работа.

„Волонтирањето претставува важен начин да се вреднува човековата посветеност на остварување големи резултати", изјави потпретседателот на Европарламентот, г. Џани Питела.

Членот на Европскиот парламент и потпретседател на Европскиот младински форум, г-ѓа Катарина Неведалова, го оцени волонтирањето како можност за отворање нови хоризонти кај младите, шанса да се запознаат нови луѓе, да се стекне големо искуство и како можност да се променат некои работи.

Милиони Европејци своето слободно време го користат за работа без плата во својата заедница, во училишта, болници, спортски клубови и слично, и посветени се на заштита на околината, пружање социјални услуги и помош на луѓето во другите земји.

Токму затоа, Европскиот парламент на овој начин, со прием во своите простории, сака да им каже едно големо „благодарам“ на сите волонтери на Стариот континент.

 
Click