ЕУ вести



Четврток, 30 јуни 2011 година

Хрватска ги завршува пристапните преговори со ЕУ

По речиси шест години преговори за членство во Европската унија, денеска на Меѓувладината конференција за пристапување, Хрватска ќе стави крај на овој европски пат, со затворање на последните четири поглавја.

Тоа се поглавјата: пазарна конкуренција; правосудство и основни права; финансиски и буџетски прописи и останати прашања.

Хрватската делегација ќе ја предводи вицепремиерот за надворешни работи и евроинтеграција, г. Гордон Јандроковиќ, а европската страна ќе ја застапува унгарскиот шеф на дипломатија, г. Јанош Мартоњи.

Хрватска, формално ќе ги заврши преговорите само неколку часа пред крајот на Унгарското претседателство со ЕУ, чиј наследник ќе биде Полска.

Челниците на земјите-членки на ЕУ, на минатонеделниот самит донесоа политичка одлука за завршување на пристапните преговори на Хрватска, повикувајќи го Европскиот совет да ги донесе сите потребни одлуки за затворање на преостанатите поглавја до крајот на јуни и потпишување на договорот за пристапување до крајот на оваа година.

Доколку сè оди во најдобар ред, Хрватска на 1 јули 2013 година официјално ќе стане 28-та земја-членка на ЕУ.

 

 

Click