ЕУ вести



Четврток, 25 август 2011 година

Италија - топ дестинација за летување на Европејците

Најпосетена туристичка дестинација за Европејците ова лето е самата Европа, покажува извештајот на Европската комисија. Италија е топ дестинација за летото 2011 година за 11,5 проценти од европското население.

Првата тројка омилените места за овогодишните одмори на граѓаните на Европската унија ја заокружуваат Шпанија и Франција. Оние кои најчесто патуваат, пак, се жителите на Финска, Данска, Холандија, Шведска, Франција и Луксембург.

Приоритети при одбирањето на местото за летен одмор на европското население му се атрактивноста и културното наследство на земјата во која патува, потоа мирот и релаксирањето кои таа ги пружа, а неизбежни исто така се и сонцето и плажата.

 

Click