ЕУ вести



Четврток, 14 јули 2011 година

Колку странци живеат во ЕУ?

Од вкупното население во земјите од Европската унија, 32,5 милиони жители, односно 6,5%, се странци, покажуваат податоците на европското статистичко биро „Еуростат“ за 2010 година. 12,3 милиони од нив се државјани на друга држава од ЕУ, а 20,2 милиони имаат државјанство од некоја земја надвор од Унијата.  

Најголем број странци живеат во Германија – 7,1 милион (9% од вкупното население), следи Шпанија со 5,7 милиони странци (12%), па Велика Британија со 4,4 милиони (7%). Во првите пет се вбројуваат уште Италија со 4,2 милиони странци (7%) и Франција со 3,8 милиони (6%). Гледано по проценти, води Луксембург, со 43% странци.

Во однос на државјанството, речиси 40% од странските државјани во некоја од државите во ЕУ имаат државјанство од некоја друга земја-членка на Унијата, а една третина од граѓаните родени во странство, е родена во некоја друга држава од ЕУ.

Така, минатата година, во ЕУ живееле 47,3 милиони луѓе родени во странство и натурализирани во земјата домаќин.
Од овој број, 16 милиони се родени во некоја друга земја-членка на ЕУ, а 31,4 милиони се родени надвор од Унијата.

Што се однесува на возраста, странците имаат просечни 34,4 години, за разлика од локалното население кое има просечна возраст од 41,5 година.

 

 

 

Click