ЕУ вести



Понеделник, 4 јули 2011 година

Номинирани десет филмови за наградата на Европарламентот

Европскиот парламент на 46. Меѓународен филмски фестивал Карлови Вари, ги претстави десетте филмови, кои ќе се борат за овогодишната награда „Лукс“.

Филмовите, кои се избрани од жири-комисијата именувана од Комисијата за култура на Европарламентот, се следните:

 

  • „Коњот Торино“ од Бела Тар (Унгарија, Франција, Швејцарија, Германија);
  • „Голотија“ од Атина Рејчел Цангари (Грција);
  • „Суштинско убивање“ од Јержи Сколимовски (Полска, Норвешка, Ирска, Унгарија);
  • „Имаме папа“ од Нањи Морети (Италија, Франција);
  • „Ле Авр“ од Аки Каурисмаки (Финска, Франција, Германија);
  • „Снеговите на Килиманџаро“ од Роберт Гедигијан (Франција);
  • „Утро“ од Маријан Крисан (Франција, Романија, Унгарија);
  • „Мистериите на Лисабон“ од Раул Руис (Португалија);
  • „Венец“ од Вим Вендерс (Германија, Франција, Велика Британија);
  • „Игра“ од Рубен Остлунд (Шведска, Франција, Данска).

Номинираните филмови опфаќаат теми од индивидуален, историски и социјален карактер од животот на Европејците, нивните убедувања и сомневања и потрагата по идентитет.

Победникот ќе добие финансиска поддршка од Европскиот парламент за преводите на филмот на 23-те официјални јазици на Европската унија, вклучително и прилагодување за луѓето со нарушен вид и слух, како и производство на 35 мм печатен или дигитален филмски пакет за секоја земја-членка на ЕУ.

Инаку, филмската награда „Лукс“ се доделува од 2007 година, преку гласање на европратениците и претставува симбол на ангажманот на Европарламентот кон европскиот филм.

Click