ЕУ вести



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Отворен центар за посетители во Европарламентот

Европскиот парламент отвори нов центар за посетители во Брисел, кој ќе овозможи поблизок пристап во работата на европратениците и кој е целосно достапен на 23-те официјални јазици на Европската унија.

„Центарот за посетители на Европскиот парламент нуди неверојатен пат до срцето на Европа, до сржта на институциите на ЕУ, каде се носат одлуки кои влијаат на животот на милиони луѓе. Парламентариумот е најсовремен изложбен центар од овој вид“, изјави претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек.

Парламентариумот ќе биде отворен за јавноста в петок, на 14 октомври. Низ изложбата, посетителите ќе бидат водени со електронски мултимедијален водич, кој ќе им помогне да го откријат минатото, сегашноста и иднината на Европскиот парламент и Европската унија.

„Изложбата покажува дека Европа помина долг пат - преживеа две светски војни, повторно соодинување на еден поделен континент, а сега дели заеднички политички проект, кој, убеден сум, ќе напредува и ќе ги совлада предизвиците со кои се соочуваме денес“, додаде првиот европарламентарец.

 

Click