ЕУ вести

Вторник, 4 октомври 2011 година

Петти самит на ЕУ и Бразил

На Петтиот самит на Европската унија и Бразил, кој се одржа во Брисел, челниците ги потврдија заедничките вредности и принципи кои се изразуваат во нивното стратешко партнерство, со акцент на посветеноста кон поттикнување мир и меѓународна безбедност, зајакнување на демократијата и законодавството, почитување на човековите права и основните слободи, како и одржлив развој на социјалната вклученост и заштита на околината.

Ова беше прва средба на врвот меѓу ЕУ и Бразил за претседателот на бразилската држава, г-ѓа Дилма Русев, додека Унијата ја претставуваа претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј; претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо; високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, г-ѓа Катрин Ештон и европскиот комесар за трговија, г. Карел де Гухт.

„Бразил е важен партнер за Европската унија и овој самит значи чекор напред во нашите односи. Се радувам на градењето заеднички јазик со новиот бразилски претседател во врска со справувањето со заедничките предизвици, како што се климатските промени и економијата“, изјави г. Херман ван Ромпуј.

Двете страни ја нагласија важноста од ефективен мултилатерален систем, фокусиран на силни Обединети нации, како клучен фактор во решавањето на глобалните предизвици. 

Односите меѓу ЕУ и Бразил ќе продолжат да се зајакнуваат врз основа на годишен дијалог на највисоко ниво и редовни министерски средби.

 
Click