ЕУ вести

Среда, 12 октомври 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент денеска и утре во Брисел ќе одржи Пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тоа дали Бугарија и Романија треба да се вклучат во Шенген зоната. Расправата ќе се одржи денеска, а гласањето по оваа Резолуција ќе следи утре.

Во текот на денешниот ден од седницата, европратениците ќе дискутираат и за економската политика, за ноемврискиот Самит на Г-20 и Конференцијата за климатските промени во Дурбан, како и за најновите случувања во Јемен и Бахреин.

Утре, на дневниот ред ќе се најдат новите правила за контрола на извозот на огнено оружје за граѓанска употреба, како на пример за спортските стрелци и ловците, со цел да се гарантира максимална безбедност.
Click