ЕУ вести



Вторник, 5 јули 2011 година

Претседателот на Европарламентот ја отвори седницата во Стразбур

На отворањето на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, која ќе трае од 4 до 7 јули, претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, го поздрави почетокот на шестмесечното полско претседавање со Европската унија.

Полското претседателство стартуваше на 1 јули, откако оваа земја ја презеде улогата на претходниот претседавач – Унгарија, а на оваа позиција ќе се задржи до крајот на годинава.

Претседателот на Европскиот парламент, исто така говореше и за неодамнешниот референдум во Мароко, за демонстрациите во Белорусија за време на кои беа уапсени некои протестанти, како и за смртта на двајца видни членови на Европарламентот, г. Ото вон Хабсбург и г. Јан Кулаковски. 

Што се однесува на денешниот ден од седницата, европратениците треба да ги изберат двата нови потпретседатели на Европскиот парламент.

Click