ЕУ вести



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Светски и европски ден против смртната казна

Денеска, 10 октомври, по деветти пат се одбележува Светскиот и европски ден во борбата за укинување на смртната казна, кој годинава се фокусира на неа како грубо, нечовечко и понижувачко постапување и казнување. Овој ден претставува можност да се подигне свеста за нечовечноста на смртната казна во текот на целиот процес, од казнувањето до извршувањето.

Европската унија и Советот на Европа ја потврдија својата заедничка позиција кога станува збор за смртната казна и нивниот ангажман за нејзино укинување во целиот свет.

Нивниот став е дека смртната казна е нехумана и претставува длабоко кршење на човековите права, а нејзиното укинување е камен-темелник на политиката на ЕУ за човековите права.

Искуството на Европа вели дека смртната казна не допринесува за намалување на насилството, ниту пак им носи правда на жртвите, а претставува неповратно губење живот.

Првиот Светски ден против смртната казна е одржан во 2003 година, на иницијатива на Светската коалиција против смртната казна, која се состои од меѓународни организации, бар-асоцијации, синдикати и локални власти од сите делови на светот.

Од 1997 година не е извршена смртна казна на територијата на земјите-членки на ЕУ. Единствена земја на Стариот континент во која сè уште постои смртна казна, е Белорусија.

 

Click