ЕУ вести



Петок, 29 јули 2011 година

Три филмови во конкуренција за наградата „Лукс“

„Голотија“ од Атина Рејчел Цангари (Грција), „Снеговите на Килиманџаро“ од Роберт Гедигијан (Франција) и „Игра“ од Рубен Остлунд (Шведска, Франција, Данска), се трите филмови кои ќе се борат за наградата „Лукс“ за 2011 награда, која ја доделува Европскиот парламент.

Овие филмови, кои опфаќаат теми од индивидуален, историски и социјален карактер од животот на Европејците, ќе бидат прикажани на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција од 31 август до 9 септември годинава.

Потоа, европратениците ќе гласаат за својот фаворит, а петтиот добитник на наградата „Лукс“ ќе биде објавен на 16 ноември за време на свечена церемонија во рамките на пленарната седница на Европарламентот во Стразбур,.

Наградата се состои од финансиска поддршка за преводите на филмот на 23-те официјални јазици на Европската унија и производство на 35 мм печатен или дигитален филмски пакет за секоја земја-членка на ЕУ.

 

 

Click