Активности

Понеделник, 5 септември 2011 година, Варшава
 
Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, на Конференција на претседатели на комисии за надворешни работи на парламентите на земјите-членки на ЕУ (COFACC)

Конференцијата ја отвори високиот претставник за надворешна политика на Европката унија, Кетрин Ештон која во своето обраќање говореше за надворешната политика на Европската унија и актуелната ситуација во Либија и другите северно-африкански земји.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски оствари неформални средби со претседателот на Комисијата за надворешни работи на полскиот Сејм, Халицки, како и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Република Полска, Леон Керес.

Тема на разговорот беа македонските евроинтеграции, реформите на македонската Влада, како и потврдената препорака од страна на Европската комисија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Беше искористена можноста за двајцата колеги да бидат запознаени со развојот на настаните поврзани со наметнатииот спор и блокадата на Република Македонија од страна на соседна Грција.

Пратеникот Милошоски се сретна и со своите колеги од ирскиот и норвешкиот парламент, г. Бреен и г-ѓа Ине Сорајде, со кои разговараше за развојот на билатералните односи.

Конференцијата продолжува и денеска со обраќање на министерот за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски.

  

 

 

Click