Активности



Среда, 14 септември 2011 година

Четврта седница  на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четврта седница, како матично работно тело ги разгледа следните Предлог-закони:

  1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (второ читање), под архивски број 07- 3068/1;
  2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за  персоналниот данок на доход (второ читање);
  3. Предлог на закон за дополнување на Законот за  данокот на додадена вредност (второ читање), под архивски број 07- 3069/1;
  4. Предлог на закон за дополнување на Законот за акцизите (второ читање);
  5. Предлог на закон за дополнување на Законот за ревизија (второ читање);
  6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (второ читање);
  7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари (второ читање);
  8. Предлог на закон за дополнување на Законот за девизното работење (второ читање);
  9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост (второ читање);
  10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (второ читање), под архивски број 07 - 3365/1;
  11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за  данокот на додадена вредност (второ читање), под архивски број 07 - 3366/1;
  12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (второ читање);
  13. Предлог на закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (прво читање), поднесен од пратениците Драган Цуклев, Павле Трајанов, Талат Џафери, Харалампие Шокаровски, Лилјана Кузмановска, Михаило Џолонга и Џеват Адеми.

- По Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите (второ читање), Комисијата разгледа четири Амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за дополнување на Законот за акцизите.

- Во врска со Предлогот на закон за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, под архивски број 07-3069/1 (второ читање), Комисијата разгледа три Амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „против” заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (архивски број 07-3069/1).

- По Предлогот на закон за дополнување на Законот за девизното работење (второ читање), Комисијата разгледа два Амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „против“, заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за дополнување на Законот за девизното работење.

- Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка под архивски број 07-3365/1, Комисијата како матично работно тело разгледа 6 амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „воздржани“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување и дополнување на Законот на данокот на добивка (под архивски број 07-3365/1).

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, под архивски број 07-3068/1 (второ читање), Комисијата разгледа 4 Амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „воздржани“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (архивски број 07-3068/1).

- Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело на седницата одржана на 13 септември 2011 година и Законодавно-правната комисија на седницата одржана на 13 септември 2011 година, ги разгледаа амандманите поднесени на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност.

Во Дополнетиот предлог на закон  за  изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност вграден е Амандманот на член 3, поднесен од пратениците Благородна Дулиќ и Лилјана Кузмановска, под архивски број 07-3086/2. Четири Амандмани не беа усвоени.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост (второ читање), Комисијата разгледа еден Амандман. Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман,  а Комисијата не го усвои истиот.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „ против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (второ читање), Комисијата разгледа 4 Амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.

- Во врска со Предлогот на закон за дополнување на Законот за ревизија (второ читање), Комисијата разгледа два Амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „ против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за дополнување на Законот за ревизија.

- Што се однесува на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари (второ читање), Комисијата разгледа три Амандмани. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените Амандмани, а по гласањето, Комисијата не ги усвои истите.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „ против" заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари.

-  Воведно образложение по Предлогот на закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од пратениците: Драган Цуклев, Павле Трајанов, Талат Џафери, Харалампие Шокаровски, Лилјана Кузмановска, Михаило Џолонга и Џеват Адеми  (во прво читање), даде пратеникот Драган Цуклeв.

Тој истакна дека со Законот се уредуваат  видовите и начинот на приредување на игрите на среќа и на забавните игри. Со членот 4 од Законот  е определено дека игрите на среќа можат да бидат општи, посебни и интерни. Како посебни игри на среќа се  игрите во казината, обложувалниците и во автомат клубовите. 

Претставникот на предлагачите нагласи дека целта на измените на овој закон е да се зголеми економската активност на субјектите, а истовремено и да се зголеми бројот на вработените.          

Во претресот учествуваа пратениците Јани Макрадули,  Драган Цуклев,  Изет Зеќири, Марјанчо Николов и Реџаиљ Исмаили.

Комисијата со седум гласа „за“ и четири „против“ заклучи дека овој Предлог-закон е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

Click