Активности



Четврток, 15 декември 2011 година

Осма седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 8. седница, одржана на 13 декември 2011 година, ги разгледа:

  • Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Литванија за поттикнување и заемна заштита на инвестиции;
  • Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за трансфер на осудени лица;
  • Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за екстрадиција;
  • Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за заемна правна помош во кривични предмети.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи.

Врз основа на расправaта, Комисијата за надворешна политика едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа Предлог-законите и истите да ги донесе.

 

Click