Активности



Петок, 2 септември 2011 година

Прва седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, на Првата седница, одржана на 31 август 2011 година, ги разгледа следните точки:

  1. Утврдување на бројот на надворешни соработници по пратенички групи, согласно член 9 став (3) од Законот за Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија број 104/2009“);
  2. Овластување на генералниот секретар  на Собранието на Република Македонија за  формирање на работна група од Службата на Собранието, која ќе изготви Предлог на  стратешки план на Собранието на Република Македонија за  2012 година, согласно член 27 став (1) алинеја 1 и 2 од Законот за Собранието на Република Македонија.

- Во однос на првата точка, со 4 гласа „за“ и 3 „против“, беше усвоен следниот Заклучок:

  1. Согласно член 9 став (3) од Законот за Собранието на Република Македонија, Буџетскиот совет определи надворешните соработници да бидат распределени по пратенички групи и тоа :

    1. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата - број на надворешни соработници - 11;

    2. Пратеничка група на СДСМ - број на надворешни соработници - 6;

    3. Пратеничка група на ДУИ - број на надворешни соработници - 3;

    4. Пратеничка група на ДПА - број на надворешни соработници - 1;

    5. Пратеничка група на НСДП И ЛП - број на надворешни соработници - 1;

    6. Пратеничка група на ПЕИ и СЛ - број на надворешни соработници - 1.

  2. Овој заклучок да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија,генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и раководителот на Секторот за финансиски прашања.

- Што се однесува на втората точка, врз основа на расправата, Буџетскиот совет едногласно го усвои следниот Заклучок:

  1. Буџетскиот совет го овластува генералниот секретар на Собранието на Република Македонија   да  формира работна група од Службата на Собранието,  која ќе изготви Предлог на  стратешки план на Собранието на Република Македонија за 2012 година и истиот ќе го достави на разгледување и утврдување до Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија;
  2. Овој  заклучок да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија и до генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
Click