Активности



Понеделник, 22 август 2011 година

Прва седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 18 август 2011 година, ја одржа својата Прва седница, со следниот Дневен ред:

  1. Предлог-закон за млади (прво читање);
  2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (прво читање);
  3. Предлог-закон за ратификација на Дополнителниот Протокол кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот Договор за слободна трговија (прво читање);
  4. Предлог-деловник за работа на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија;
  5. Излагање на заменик-претседателот на Владата за европски прашања, д-р Теута Арифи, за активностите во врска со текот на процесот на евроинтеграцијата во Република Македонија.

- Во врска со Предлог-законот за млади, на седницата во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г-ѓа Билјана Бришковска-Бошковски, заменик-министер во Министерство за правда, која даде образложение за потребата од донесување на Законот, од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Во расправата учествуваа пратениците: Павле Трајанов, Ивон Величковски, Маринела Тушева, Владанка Авировиќ, Зиадин Села и Цветанка Иванова.   

Комисијата со 6 гласа „за“ и 2 „против“, заклучи дека Предлогот на законот за млади е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање, од  аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ, со забелешка сите искажани предлози и забелешки по текстот на Предлог-законот да бидат земени предвид при изготвувањето на законот во второто читање на Предлог-законот за млади.

- По Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, г-ѓа Билјана Бришковска-Бошковски, исто така даде образложение за потребата од донесување на Законот, од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Во расправата учествуваа пратениците: Изет Зеќири, Владанка Авировиќ и Цветанка Иванова.

Комисијата со 9 гласа „за“ заклучи дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање, од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

- Во однос на Предлог-законот за ратификација на Дополнителниот Протокол кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот Договор за слободна трговија, на седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за  надворешни работи, кој ја образложи потребата од донесување на Законот.

Комисијата со 8 гласа „за“ заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе овој Предлог-закон.

Click