Активности



Понеделник, 18 јули 2011 година

Прва седница на  Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија Првата седница, одржана на 15 јули 2011 година, го разгледа: 

  • Предлогот на законот за дополнување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка.

Пратеникот г. Горан Сугарески предложи Комисијата за здравство како матично работно тело да поднесе амандмани за бришење на член 1 и член 2 од Предлогот на овој закон.

Овие предлози за бришење на членовите 1 и 2, со 4 гласа „за“ и 6 „против", Комисијата не ги усвои.

Во дискусијата за бришење на членот 1 од Предлог-законот учествуваа пратениците: г-ѓа Билјана Казанџиска, г-ѓа Тања Томиќ, г-ѓа Станка Анастасова, г. Миле Пачемски, г. Андреј Петров, г. Менде Диневски, г-ѓа Весна Пемова, г. Горан Сугарески и заменик-министерот за здравство, г. Владимир Поповски.

Во дискусијата за бришење на членот 2 од Предлог-законот учествуваше  пратеникот г-ѓа Билјана Казанџиска и заменик-министерот за здравство, г. Владимир Поповски.

Комисијата го проследи Предлогот на законот за дополнување на Законот за заштита од пушењето на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click