Активности



Четврток, 15 септември 2011 година

Втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на втората седница одржана на 14 септември 2011 година, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарното здравство - II читање; 
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за водните заедници - II читање;
  3. Предлог-законот за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште - II читање;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата - II читање;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња - II читање;
  7. Предлог-законот за дополнување на Законот за ловство - II читање;
  8. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно - медицинските препарати - II читање;
  9. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните - II читање.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик-претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Панче Орцев, ги извести пратениците дека во определениот рок, утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беа поднесени по два амандмани по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарното здравство, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за водните заедници - II читање и Предлог-законот за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја - II читање, кои Комисијата не ги усвои.

На седницата на Законодавно-правната комисија одржана на 15 септември 2011 година во Дополнетиот Предлог на законот за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја е вграден еден усвоен амандман, поднесен од Законодавно-правната комисија.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште - II читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата - II читање, беше изготвен дополнет предлог.

Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште е вграден еден амандман кој беше усвоен на седницата на Законодавно- правната комисија.

Додека во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата се вградени 2 амандмани кои беа усвоени на седницата на Законодавно-правната комисија одржана на 15 септември 2011 година.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња поднесени се вкупно 10 амандмани, од кои 4 беа усвоени,  додека 6 Комисијата не ги усвои.

Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња се вградени амандманите кои беа усвоени на седниците на матичното работно тело, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Законодавно-правната комисија.

Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесе 1 амандман и истиот едногласно го усвои.

По Предлог-законот за дополнување на Законот за ловство, заменик-претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Панче Орцев, ги извести пратениците дека во определениот рок, утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесени амандмани.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицинските препарати, во определениот рок беа поднесени 4 амандмани, додека во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните беа поднесени 7 амандмани, кои Комисијата не ги усвои.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи предложените Предлог-закони да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click