Соопштенија



Петок, 11 ноември 2011 година

Единаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Единаесеттата седница, одржана на 9 ноември 2011 година, во скратена постапка го разгледа:         

  • Предлогот на закон за дополнување на Законот за процена.

Претседателот на Комисијата, г. Илија Китаноски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија,  не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Во расправата по предлог законот земаа учество пратениците: г-ѓа Весна Бендевска и г. Кенан Хасипи.

Комисијата овој Предлог-закон го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Click